Силниот земјотрес со јачина од 6,8 степени што го погоди Мароко уби најмалку 1.000 луѓе и предизвика штети во неколку области. Жителите излегоа на улиците кога се случи потресот во 23.11 часот по локално време.
Земјотресот беше почувствуван од Казабланка до Маракеш, каде што многу објекти беа уништени или значително оштетени.
Во земјата е прогласена тридневна жалост.
Многу од жртвите се во планински региони до кои е тешко да се стигне. Епицентарот е во планините Атлас, југозападно од Маракеш. Се верува дека сè уште има многу луѓе заглавени под урнатините и спасувачките акции се во тек.
Болниците во Маракеш се преполни и властите ги повикаа граѓаните да донираат крв.