СЕ РАСИПАЛ КАМИОНОТ ШТО ГО РАСЧИСТУВАЛ ПРЕВОЈОТ БУКОВО НА ПАТОТ РЕСЕН-ОХРИД

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕ РАСИПАЛ КАМИОНОТ ШТО ГО РАСЧИСТУВАЛ ПРЕВОЈОТ БУКОВО НА ПАТОТ РЕСЕН-ОХРИД

    Се расипа камионот кој работеше на расчистување на снежните наноси од превојот Буково на патниот правец Ресен-Охрид. Сообраќајот на овој пат е во прекин заради расчистување. Со цел состојбата побрзо да се нормализира на помош се испратени два камиони од Битола, соопшти за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на битолската подружница на „Македонија пат“, Веселинчо Спасевски.
    Тој вели дека не е точна информацијата што проструи во јавноста дека на превојот има отпревртени тешки моторни возила, туку се работи на расчистување.
    „Во дефект е камионот кој расчистуваше на Буково, испратени се други два од Битола и очекуваме наскоро превојот да биде расчистен, а сообраќајот нормализиран“, вели Спасевски.
    Се расчистува и превојот Ѓавато на патот Ресен -Битола.
    „Ни асистира и сообраќајната полиција која извесен период ги запира возилата за превојот да може да го расчистат нашите екипи, а потоа возилата се пуштаат да помина“, додава Спасевски.
    Тој додава дека со машините и возниот парк што го имаат се обидуваат да овозможат сообраќајот нормално да се одвива во услови кога врне снег, а температурите се многу ниски.
    Ж. Здравковска

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира