ПЕТГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ЗАГИНА ОТКАКО ВОЕН АВИОН ПАДНА ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБА ЗА 100 ГОДИНИ ИТАЛИЈАНСКИ ВОЗДУШНИ СИЛИ

    ПЕТГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ЗАГИНА ОТКАКО ВОЕН АВИОН ПАДНА ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБА ЗА 100 ГОДИНИ ИТАЛИЈАНСКИ ВОЗДУШНИ СИЛИВидеоснимка од трагичниот настан го покажува пилотот како се исфрлува од авионот непосредно пред ударот

    Петгодишно девојче загина откако италијански воен авион кој учествувал во акробатски вежби се урна кај Торино. Видеоснимка од трагичниот настан го покажува пилотот како се исфрлува од авионот непосредно пред ударот во земјата. Пилотот ја преживеа несреќата, во која е повреден и деветгодишниот брат на загинатото девојче, додека нивните родители имаат изгореници.

    Видео снимено близу главниот аеродром во Торино покажува девет авиони како летаат во две тесни формации, по што еден од нив се одвојува и почнува да паѓа. Според локалните медиуми, првичната истрага покажала дека авионот веројатно налетал на јато птици, кои можеби влегле во моторот и предизвикале негово оштетување.

    Авионот беше дел од демонстрациски тим кој требаше да учествува на настан со кој се одбележуваат 100 години италијански воздушни сили. Настанот, кој беше закажан за денеска, е откажан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира