Активистите од еколошката група „Последна генерација“ ги испрскаа сите шест столба на Бранденбуршката порта во Берлин со портокалова боја, додека во градот се најавуваат нови протести против климатските промени. Полицијата кажа дека неколкумина активисти се приведени.
Тие употребиле противпожарни апарати за да го испрскаат едно од обележјата на градот. Боја беше фрлена и на Парискиот плоштад, кој се наоѓа веднаш до портата.
Членовите на „Последна генерација“ повикаа на блокирање улици во Берлин на неодредено време, почнувајќи од утре. Тие бараат забрана на употребата на фосилни горива до 2030, додека владата како рок ја постави 2045 година.