За 10 отсто ќе се намалат цените на алкохолни и безалкохолните пијалоци. Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на својот Фејсбук профил напиша дека од наредната недела ќе има намалување на цените и на пијалоците.
„Денеска добив неколку писма од нашите домашни производители на минерална вода, сокови, пиво кои ме известија дека доброволно се вклучуваат во кампањата гарантирана цена со намалување на цените од минимум 10%“, вели Бектеши.
Вчера Владата донесе одлука за намалување на цените за најмалку 10 отсто на дваесетина прехранбени производи. Маркетите исто така нема да смеат да ставаат акции и промоции на производите до 30 ноември.
А. АНТЕВСКА