ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ И НАД 700 ТУРИСТИ ЕВАКУИРАНИ ПОРАДИ ПОЖАРИТЕ БЛИЗУ ПАЛЕРМО

    ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ И НАД 700 ТУРИСТИ ЕВАКУИРАНИ ПОРАДИ ПОЖАРИТЕ БЛИЗУ ПАЛЕРМОПожарникарите изјавиле дека имале бурна ноќ низ цела северна Сицилија. (Фото: Принтскрин од видео)

    Две лица загинаа и над 700 туристи се евакуирани од хотел во познато туристичко место, поради пожарите кои ја зафатија северна Сицилија, пренесуваат италијанските власти и медиуми.

    Околу 700 гости од хотелот „Коста Верде“ во близина на Чефалу, источниот дел на Палермо, беа евакуирани во локалната спортска сала во петокот вечерта, поради приближувањето на пожарите, но по 2 часот биле вратени назад, соопшти АНСА.

    Четирисет и двегодишна жена загинала додека се обидувала да ги спаси своите коњи. Според пожарникарите, таа била со татко ѝ и браќата, но веруваат дека ѝ се слошило од чадот, изгубила свест и паднала во дол.

    Агенцијата АНСА објави дека загинал и 68-годишен маж, откако побегнал од својот запален дом во близина на Балестрате, западно од Палермо.

    Пожарникарите изјавиле дека имале бурна ноќ низ цела северна Сицилија, но оти се надевааат дека пожарите ќе се изгаснат со најавените дождови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира