СОФИЈА ЛОРЕН ИТНО ОПЕРИРАНА ОТКАКО ПАДНАЛА ВО БАЊАТА И СКРШИЛА КОЛК

    СОФИЈА ЛОРЕН ИТНО ОПЕРИРАНА ОТКАКО ПАДНАЛА ВО БАЊАТА И СКРШИЛА КОЛКЛорен се здобила со сериозни скршеници на колкот и бедрената коска (Фото: Гети)

    Италијанската филмска дива Софија Лорен итно беше оперирана откако паднала во бањата во својот дом во Швајцарија. Осумдесет и деветгодишната актерка притоа се здобила со сериозни скршеници на колкот и бедрената коска, изјави нејзиниот менаџер Андреа Џусти.

    Операцијата помина добро, сега ѝ треба одмор и сѐ ќе биде во ред“, изјави портпаролот на Лорен, додавајќи дека нејзините деца Карло и Едоардо се покрај неа.

    Родена во сиромашно семејство во Неапол, Лорен изгради успешна актерска кариера, станувајќи ѕвезда и во Холивуд. Во 1962 доби Оскар за најдобра актерка за филмот „Две жени“, а во 1990 ѝ беше доделен и почесен Оскар. Последниот филм го сними пред три години.

    Лорен утре во Бари требаше да присуствува на отворањето на новиот ресторан од ланецот „Софија Лорен“, четврти во Италија, по оние во Милано, Фиренца и Рим.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира