БИВШ АЛБАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ОСУДЕН НА РЕЧИСИ СЕДУМ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА КОРУПЦИЈА

    БИВШ АЛБАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ОСУДЕН НА РЕЧИСИ СЕДУМ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА КОРУПЦИЈАЛефтер Кока беше обвинет дека примил мито од 3,7 милиони евра за договор за изградба на согорувач на отпад

    Поранешниот албански министер за животна средина Лефтер Кока, седуммина други функционери и четворица бизнисмени се осудени на затворски казни за поткуп поврзан со договор за изградба на печка за палење отпад во западна Албанија.

    Специјалниот суд за корупција и организиран криминал во Тирана го осуди Кока на шест години и осум месеци затвор за корупција, злоупотреба на службената положба и перење пари. Тој исто така нема да смее да извршува јавна функција пет години.

    Корупцијата долго време ја обременуваше транзицијата на Албанија во демократија. Судските реформи, усвоени во 2016 со поддршка од САД и ЕУ, креираа нови институции за борба против корупција, вклучувајќи го судот кој ја донесе оваа пресуда.

    Кока беше министер од 2013 до 2017, а беше и пратеник и градоначалник на Драч. Беше обвинет дека примил мито од 3,7 милиони евра за договор за изградба на согорувач во западниот град Фјер. Кока кажа дека ќе поднесе жалба на пресудата.

    Уште 11-мина други лица добија затворски казни во висина од две до осум години за слични обвиненија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира