СЕМЕЈСТВАТА СО НИСКИ ПРИМАЊА НЕКА ЈАДАТ ХАМБУРГЕРИ ОД „МЕКДОНАЛДС“, КАЖА АВСТРИСКИОТ КАНЦЕЛАР НЕХАМЕР

    СЕМЕЈСТВАТА СО НИСКИ ПРИМАЊА НЕКА ЈАДАТ ХАМБУРГЕРИ ОД „МЕКДОНАЛДС“, КАЖА АВСТРИСКИОТ КАНЦЕЛАР НЕХАМЕРНехамер не се извини за својата изјава (Фото: АФП)

    Австрискиот канцелар Карл Нехамер беше критикуван во јавноста откако се појави видеоснимка на која вели дека родителите со ниски примања би требало да ги хранат своите деца со хамбургери од „мекдоналдс“. Нехамер на снимката зборува за сиромаштија, пред да се пожали за тоа како медиумите пишуваат за глад кај децата.

    Што значи тоа дека дете нема топол оброк во Австрија? Дали знаете кој е најевтиниот топол оброк во Австрија? Не е здрав, но е евтин: хамбургер од ‘мекдоналдс‘ – 1,40 евра, а ако купите и помфрит со него, тоа е 3,50 евра. И потоа некои сериозно тврдат дека живееме во земја во која родителите не можат да си дозволат оброк за своите деца“, вели Нехамер.

    Неговата Народна партија потврди дека снимката е направена на настан за вино и кашкавал во Салцбург.

    Се огласи и портпаролот на австрискиот огранок на „Мекдоналдс“, кој кажа дека иако цените варираат, можно е да се јаде така евтино како што сугерираше Нехамер.

    Нехамер не се извини за својата изјава, со која ја бранеше владината помош за семејствата со ниски примања.

    Стојам зад фактот дека родителите мора да се грижат за своите деца“, кажа Нехамер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира