ОТКРИВАЊЕТО НА КВАНТНИТЕ ТОЧКИ ИМ ДОНЕСЕ НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ХЕМИЈА НА ТРОЈЦА НАУЧНИЦИ

    ОТКРИВАЊЕТО НА КВАНТНИТЕ ТОЧКИ ИМ ДОНЕСЕ НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ХЕМИЈА НА ТРОЈЦА НАУЧНИЦИСите тројца добитници денес работат во САД (Фото: АП)

    Научниците Мунги Бавенди, Луис Брус и Алексеј Екимов ја добија Нобеловата награда за хемија за откривањето и синтезата на квантните точки.

    Наночестичките и квантните точки денес се користат во ЛЕД-светилки и телевизори и можат да им помогнат на хирурзите додека отстрануваат канцерогени ткива.

    Бавенди, кој е роден во Франција и има потекло од Тунис, предава на Институтот за технологија во Масачусетс, Брус е почесен професор на Универзитетот Колумбија, а Русинот Екимов од 1999 работи за една приватна компанија во САД.

    Иако имињата на добитниците се тајна до последен момент, шведските медиуми денеска порано ги објавија нобеловците за хемија откако тие по грешка протекоа во јавност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира