ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ И ЦРТЕЖИ ОД ФИЛМСКИОТ РЕЖИСЕР МИТКО ПАНОВ УТРЕ ВО МАЛА СТАНИЦА

    ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ И ЦРТЕЖИ ОД ФИЛМСКИОТ РЕЖИСЕР МИТКО ПАНОВ УТРЕ ВО МАЛА СТАНИЦАКонцептот е приказ на творештвото каде Панов е визуелен раскажувач. Ќе се изложат слики и цртежи. (Фото: НГМ)

    „Наместо вовед“ е насловена изложбата на филмскиот режисер и сликар Митко Панов, која ќе се отвори утре во 20 часот во Мала станица, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ).

    Изложбата е осмислена да прикаже два елемента од неговото творештво – сликарството и филмот, во случајот – краткиот филм или видеоартот, а еден од тие кратки филмови е „Со кренати раце“ кој во 1991 ја освои Златната палма во Кан. Всушност, вели кураторот Горанчо Ѓорѓиевски, концептот е приказ на творештвото каде авторот е визуелен раскажувач. Ќе се изложат слики и цртежи.

    „Митко Панов е посветен на своето творештво, во истражувањето на нови изразни форми, каде прави синтеза помеѓу класичните сликарски дисциплини, филмот и современите текови на идејата и концепт во уметноста. Експериментирањето со идејно-концептуалните премиси овозможува оригинален ликовен продукт со продлабочени естетски резултати. Визуелното восприемање на светот кој го опкружува преплетено со неговата имагинација создава ликовен свет во кој се обликуваат визуелните претстави“, најавува Ѓорѓиевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира