ИТ КОМПАНИЈАТА „АСПЕКТ“ ПРОСЛАВИ 30 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

    ИТ КОМПАНИЈАТА „АСПЕКТ“ ПРОСЛАВИ 30 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕВо рамките на новиот компаниски визуелен идентитет, промовиран беше и новиот слоган на компанијата „Иновација, трансформација, раст“.

    Македонската ИТ-компанија „Аспект“ одбележа 30 години постоење.  „Аспект“ е една од водечките компании за развој на софтверски решенија за банки и финансиски институции на домашниот и странски ИКТ-пазар. На одбележување на јубилејот  беше промовиран и новиот визуелен идентитет на компанијата.

    „Овие три децении на постојан раст кои го позиционираа ’Аспект‘ како светски реномирана компанија што функционира на три континенти, им ги должиме на беспрекорната поддршка од нашите бизнис партнери и несомнено на безрезервната деноноќна пожртвуваност на нашите вработени. Сигурни сме дека следните децении од нашето успешно работење што ќе бидат во иста, а можеби и во поголема мера, ќе се должат на нашите колеги кои практично ни се семејство, како и на нашите сегашни и идни соработници“, изјави Горан Шлакески, менаџинг партнер на „Аспект“.

    Во рамките на новиот компаниски визуелен идентитет, промовиран беше и новиот слоган на компанијата „Иновација, трансформација, раст“. Како што велат од компанијата слоганот уште еднаш ја потврдува мисијата на „Аспект“ да им биде поддршка на своите клиенти во остварувањето на нивните стратешки цели, обезбедувајќи иновативни, флексибилни и интегрирани софтверски решенија.

    „Јубилејот на нашата компанија е можеби најважниот момент од нашето работење, рамо до рамо со моментот што го одбележа почетокот на постоењето на ’Аспект‘ во светот на ИКТ-услугите. Патот до овој јубилеј беше исполнет со победи, но и ногу предизвици. Но, токму тие искуства, како и посветеноста на нашите колеги се она што ја направи оваа компанија да работи во ритам на победничка компанија. На сите наши вработени, на нашите партнери и на нашите клиенти им благодариме за сета сила и сета поддршка што ни ги дадоа во изминатите години“, кажа Александар Ивановски, менаџинг партнер на „Аспект“.

    Борче Димовски кој исто така е партнер во компанијата на „Аспект“ вели дека компанијата била основана со скромна визија, да се креираа квалитетни продукти и услуги.

    „Се соочивме со многу предизвици, но, од друга страна, искусивме многу успеси и, навистина, многу отворени можности. Во ’Аспект‘ веруваме дека постојаното учење нови нешта нè прави подобри. Во текот на сите овие години се менувавме, ги слушавме потребите на клиентите, ги следевме трендовите и, навистина, го испишавме ова големо поглавје, со постојана трансформација и континуиран раст“, вели Димовски.

    Новиот визуелен идентитет ја пренесува визијата на компанијата – да биде лидер и партнер на своите клиенти, креирајќи единствени вредности и поместувајќи ги границите кон уште попросперитетна иднина.
    Во рамките на новиот компаниски визуелен идентитет, промовиран е и новиот слоган на компанијата. „Иновација, трансформација, раст“ е слоганот што уште еднаш ја потврдува мисијата на „Аспект“: да им биде поддршка на своите клиенти во остварувањето на нивните стратешки цели, обезбедувајќи иновативни, флексибилни и интегрирани софтверски решенија.

    *Комерцијална презентација

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира