СТАПАЛКИ ОТКРИЕНИ ВО НОВО МЕКСИКО СЕ НАЈСТАРИОТ ДОКАЗ ЗА ПРИСУСТВОТО НА ЛУЃЕТО ВО АМЕРИКА

    СТАПАЛКИ ОТКРИЕНИ ВО НОВО МЕКСИКО СЕ НАЈСТАРИОТ ДОКАЗ ЗА ПРИСУСТВОТО НА ЛУЃЕТО ВО АМЕРИКАСтапалките се стари меѓу 21.000 и 23.000 години (Фото: АП)

    Ново истражување потврди дека фосилизираните човечки стапалки пронајдени во Ново Мексико се најстариот директен доказ за присуството на луѓето во Америка, откритие кое ги менува досегашните верувања на археолозите.

    Стапалките биле откриени на работ на древно езерско корито во националниот парк Вајт Сендс и се стари меѓу 21.000 и 23.000 години, беше објавено во списанието „Наука“.

    Утврдената старост на стапалките го предизвикува некогаш конвенционалното уверување дека луѓето не стигнале до Америка илјадници години пред зголемувањето на нивото на морето да го покрие Беринговиот копнен мост меѓу Русија и Алјаска, што се случило пред околу 15.000 години.

    Ова е тема која секогаш била контроверзна бидејќи е многу значајна. Се работи за тоа како го разбираме последното поглавје од луѓето во светот“, изјави Томас Урбан, археолог од Универзитетот Корнел, кој учествуваше во претходните истражувања на стапалките.

    Новата студија изолираше 75.000 зрна чист полен од истиот седиментен слој содржан во стапалките за да се утврди нивната старост.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира