Британскиот режисер и сценарист Теренс Дејвис почина на 77 години по кратко боледување, соопшти неговиот менаџер. Дејвис се прослави со филмската трилогија „Деца“, „Мадона со децата“ и „Смрт и преображение“ од крајот на 1970-ите и почетокот на 1980-ите.
Роден и пораснат во Ливерпул, Дејвис во својата работа често користел автобиографски елементи. Неговиот последен филм „Благослов“, снимен во 2021 за „Нетфликс“, го истражува животот на поетот Зигфрид Сасун.
Дејвис работел како службеник и сметководител пред да се запише во драмско училиште во Ковентри во 1973. Три години подоцна го сними својот прв филм, „Деца“.
Најголемиот успех го постигна со драмата „Distant Voices, Still Lives“, за кој ја освои наградата на Меѓународното здружение на филмски критичари на Канскиот фестивал во 1988. Овој филм е заснован на неговите мемоари за животот во Ливерпул во 1940-ите и 1950-ите.