ГАЗА НЕМА ДА ДОБИЕ СТРУЈА, ВОДА И ГОРИВО ДОДЕКА НЕ СЕ ОСЛОБОДАТ ЗАЛОЖНИЦИТЕ, КАЖА ИЗРАЕЛ

    ГАЗА НЕМА ДА ДОБИЕ СТРУЈА, ВОДА И ГОРИВО ДОДЕКА НЕ СЕ ОСЛОБОДАТ ЗАЛОЖНИЦИТЕ, КАЖА ИЗРАЕЛИзраел и ноќеска жестоко ја бомбардираше Газа (Фото: АП)

    Израелскиот министер за енергетика Израел Кац изјави дека опсадата на Газа нема да заврши сѐ додека палестинските милитанти не ги ослободат израелските заложници.

    „Хуманитарна помош за Газа? Газа нема да добие струја, вода и гориво сѐ додека заложниците не бидат на слобода. Никој нека не ни попува за моралност“, напиша Кац на социјалната мрежа Икс.

    Израел воведе целосна опсада на Газа како одмазда за нападот на Хамас во кој се убиени повеќе од 1.200 луѓе, при што го прекина снабдувањето на енклавата со струја, вода, храна и гориво. Единствената електрана во Газа вчера престана да испорачува струја откако остана без гориво, со што единствен извор на електрична енергија за жителите останаа генератори, додека имаат гориво за нив.

    „Болниците во Газа ќе се претворат во мртовечници ако останат без струја“, кажаа од Меѓународниот комитет на Црвен крст.

    Меѓународните групи за помош велат дека главната болница во Газа има залихи гориво за своите генератори само за уште четири дена.

    Израел и ноќеска жестоко ја бомбардираше Газа, тврдејќи дека цел на нападите биле мети кои му припаѓаат на Хамас. Локалните медиуми објавија дека притоа загинале најмалку 15 Палестинци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира