ИЗЛОЖБА НА ИНСТАЛАЦИЈА ВО ПРОСТОР НА КОЛЕКТИВ ЗЕРО ВО ГАЛЕРИЈАТА МАЛА СТАНИЦА

    ИЗЛОЖБА НА ИНСТАЛАЦИЈА ВО ПРОСТОР НА КОЛЕКТИВ ЗЕРО ВО ГАЛЕРИЈАТА МАЛА СТАНИЦАПроектот „Noment est  omen“ се најавува како рефлексија и визуелна реакција на минатите и актуелните случувања во Македонија и пошироко. (Фото: НГМ)

    Од денес до 29 октомври во Мултимедијалниот центар Мала станица, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ), ќе биде претставен проект – инсталација во простор на уметничката група Колектив ЗЕРО.

    „Колектив Зеро” (нула, ништо, безначајност) се формира во 1985  во институциите на Старата скопска чаршија.

    „Колективот Ø – Зеро, во 1980-те години на 20. век претставуваше парадигма за вонинстиуционално генерациско дејствување на македонската ликовна сцена. Нивниот иронично-критички уметнички став го означи методолошкиот и интерпретативен пресврт со раскинувањето на стереотипите на ‘големите модернистички наративи’. Преку интертекстуалноста, интермедијалноста, пародијата или субверзијата на историско-идеолошките дискурси со различните стилски пристапи, групата стана препознатлив знак за македонската постмодерна. Проектот ‘Noment est  omen’ е рефлексија и визуелна реакција на претходно опишаното и актуелните случувања во Македонија и пошироко “, велат од НГМ.

    Членови на уметничката група се: Ацо Станкоски, Синиша Цветковски, Ибрахим Беди, Зоран Јаневски, Горанчо Ѓорѓиевски, Миодраг Десовски, Стеван Шашков, Сашо Јовчевски, а беше и Златко Трајковски, кој почина во 2017.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира