Владата на Малта планира да им дозволи на 16-годишниците да служат како градоначалници, што во јавноста беше прифатено со потсмев, критики и неодобрување.
Во Малта, изборниот законик веќе им дозволува на луѓето на оваа возраст да бидат бирани во локалните совети, но градоначалниците мора да имаат најмалку 18 години.
„Малта ќе биде првата земја во Европска Унија која ќе им дозволи на граѓаните од 16 и 17 години да служат како градоначалници и заменик-градоначалници. Тоа ја одразува нашата верба во младите“, изјави министерот за локална самоуправа Овен Боничи, кој додаде дека почнал да се занимава со политика на 20 години.
Во Малта има 69 локални совети, од кои најголемиот покрива 30.000 жители.
Истражување што го спроведе сајтот „Тајмс оф Малта“ покажа дека 97% од испитаниците се противат на планот на владата, кој исто така беше исмеван на социјалните мрежи.