ИТАЛИЈА ПАК ЌЕ ИМА КОНТРОЛИ НА ГРАНИЦАТА СО СЛОВЕНИЈА, КОЈА ЌЕ ЈА ВОВЕДЕ ОВАА МЕРКА ЗА ХРВАТСКА И УНГАРИЈА

    ИТАЛИЈА ПАК ЌЕ ИМА КОНТРОЛИ НА ГРАНИЦАТА СО СЛОВЕНИЈА, КОЈА ЌЕ ЈА ВОВЕДЕ ОВАА МЕРКА ЗА ХРВАТСКА И УНГАРИЈАЦелта на оваа мерка е да се зајакне домашната безбедност од заканите од терористички напади во Европа (Фото: Пиксел)

    Италија објави дека воведува контроли на границата со Словенија, која, пак, планира да ја воведе истата мерка на границите со Хрватска и Унгарија. Италијанската влада кажа дека на овој начин сака да ја зајакне домашната безбедност од заканите од терористички напади во Европа.

    Интензивирањето на кризните жаришта на границите на Европа, особено по нападот врз Израел, го зголеми нивото на закана од насилни дејства и во рамките на Унијата. Полициските мерки на италијанско-словенечката граница не се соодветни за да ја гарантираат потребната безбедност“, кажаа од владата во Рим.

    Граничните контроли ќе бидат воведени на 21 октомври, додека словенечките медиуми јавуваат дека тамошната влада планира утре да ги објави плановите за суспендирање на Шенгенот и враќање на контролите на границите со Хрватска и Унгарија.

    Причините за тоа се спречување на тероризмот и организираниот криминал и промената на безбедносните прилики во Европа. Мерките би требало да траат најмалку два месеца“, објави хрватскиот сајт „Индекс“.

    Поради напливот на мигранти и кризата на Блискиот Исток, и неколку други држави од ЕУ веќе воведоа или најавија воведување гранични контроли.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира