ЗАКАНА ЗА БОМБА НА АЕРОДРОМОТ ВО БАЗЕЛ, ОТКАЖАН И ЛЕТОТ ЗА СКОПЈЕ

    ЗАКАНА ЗА БОМБА НА АЕРОДРОМОТ ВО БАЗЕЛ, ОТКАЖАН И ЛЕТОТ ЗА СКОПЈЕАеродромот е на француска територија и е еден 14-те аеродроми во Франција кои денеска примија закани за бомба и беа евакуирани. (Фото: СДК.МК)

    Аеродромот ЕуроАирпорт близу Базел беше евакуиран попладнево поради закана за бомба. Поради евакуацијата на аеродромот, попладневниот лет на Визер за Скопје бил откажан. Откажани се сите попладневни и вечерни летови.

    Аеродромот се вика ЕуроАирпорт Базел-Милуз-Фрајбург, бидејќи е на тромеѓето на Франција, Швајцарија и Германија и е популарна дестинација за многу македонски патници поради бројната дијаспора која гравитира кон тој регион.

    Аеродромот е на француска територија и е еден 14-те аеродроми во Франција кои денеска примија закани за бомба и беа евакуирани.

    Истото се случи и во средата, кога речиси сите поголеми француски аеродроми беа евакуирани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира