ФРАНЦИЈА ИСПРАЌА ОРУЖЈЕ ВО ЕРМЕНИЈА ПОРАДИ СТРАВОВИТЕ ОД НОВ КОНФЛИКТ СО АЗЕРБЕЈЏАН

    ФРАНЦИЈА ИСПРАЌА ОРУЖЈЕ ВО ЕРМЕНИЈА ПОРАДИ СТРАВОВИТЕ ОД НОВ КОНФЛИКТ СО АЗЕРБЕЈЏАНАзербејџан и Турција изведуваат заедничка воена вежба на границата со Ерменија. (Фото: Турска армија)

    Франција ѝ продава воена опрема како противвоздушна одбрана на Ерменија, соопшти денеска француската влада, додека растат стравовите дека Азербејџан може да продолжи со напади на соседот по освојувањето на Нагорно-Карабах минатиот месец.

    Соопштението за француското оружје доаѓа само еден месец откако Азербејџан прогласи победа по молскавичната воена офанзива во Нагорно-Карабах, принудувајќи повеќе од 100.000 етнички Ерменци што живееја во отцепениот регион да избегаат во Ерменија.

    Стравовите дека тоа може да не е крај на регионалните амбиции на Азербејџан ги потврди неодамна и државниот секретар на САД Ентони Блинкен, кој пред група американски конгресмени кажа дека постои можност Азербејџан да изврши инвазија на Ерменија во наредниот период.

    Опасноста е дека Азербејџан ќе се обиде да го освои коридорот Зангезур кој поминува низ Ерменија покрај границата со Иран, што може да предизвика поширок конфликт во јужен Кавказ, регион во кој стратешки интереси имаат Турција, Иран и Русија.

    Франција, земјата со најголема ерменска дијаспора, јасно става до знаење дека нема да стои настрана.

    „Дури и ако не сме дел од иста воена и политичка алијанса, ние сме дел од оваа одбранбена врска, која што е базирана на прост принцип дека треба да биде способно да се заштитите себеси и вашето цивилно население“, кажа францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорн на заедничката прес-конференција со ерменскиот колега Сурен Папикјан.

    Денеска, Ерменија потпиша договор да купи три радари Граунд Мастер 200 од Франција, како и друга опрема. Исто така, двете земји потпишаа протокол за започнување на постапката за купување на противвоздушните системи Мистрал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира