ИНСТИТУТОТ КОЗЛЕ ЌЕ СТАНЕ КЛИНИКА ЗА РЕСПИРАТОРНИ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ ДЕЦАТА, ЦЕЛТА Е ДА СЕ НАМАЛИ ПРИТИСОКОТ КОН ДРУГИТЕ БОЛНИЦИ

    ИНСТИТУТОТ КОЗЛЕ ЌЕ СТАНЕ КЛИНИКА ЗА РЕСПИРАТОРНИ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ ДЕЦАТА, ЦЕЛТА Е ДА СЕ НАМАЛИ ПРИТИСОКОТ КОН ДРУГИТЕ БОЛНИЦИСе оширува дејноста на оваа здравствена институција преку специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита и здравствена дејност на терцијарно ниво. (Фото: СДК.МК)

    Институтот за по белодробни заболувања кај децата Козле во Скопје ќе стане Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле, со одлука донесена на вчерашната седница на Владата. Тоа значи, вели Владата, дека се проширува дејноста на оваа здравствена институција преку специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита и здравствена дејност на терцијарно ниво од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза.

    Установата се проширува и заради изведување образовна дејност, вршење усовршување на здравствените работници и научно-истражувачка дејност, како и вршење здравствени услуги кои бараат стручен, организациски и технолошки сложен и мултидисциплинарен здравствен третман од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза.

    „Со оваа одлука, ќе се добие побрзо и поефикасно дијагностицирање, третман и лекување на пациентите и ќе се намали притисокот кон други установи со што ќе се обезбеди подостапна и поквалитетна здравствена заштита за пациентите“, вели Владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира