КАЈ НЕГОРЦИ ОТКРИЕНА ГРУПА ОД 77 МИГРАНТИ, УАПСЕНИ 7 ПАКИСТАНЦИ ЗА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

    КАЈ НЕГОРЦИ ОТКРИЕНА ГРУПА ОД 77 МИГРАНТИ, УАПСЕНИ 7 ПАКИСТАНЦИ ЗА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕОва беше првата поголема група мигранти кои преминаа во Македонија од Грција во последните месеци; - Фронтекс од април започна заедничка гранична патрола со македонските власти. (Фото: СДК.МК)

    Полицијата соопшти дека пронашла 77 мигранти на југот на земјата и уапсила седум Пакистанци осомничени за трговија со луѓе. Во соопштението се вели дека апсењата се случиле доцна во четвртокот во близина на Негорци, по дојавите за поголема група луѓе во движење.

    Меѓу 77-те уапсени имало 52 Сиријци, 13 Пакистанци, пет Ирачани, пет Турци и двајца Индијци. Седуммина од Пакистанците, за кои се верува дека се организатори на илегалниот влез на групата во Македонија од соседна Грција, беа уапсени и против нив беа поднесени кривични пријави.

    Ова беше првата поголема група мигранти кои преминаа во Македонија во последните месеци. Мигрантите беа згрижени во прифатен центар во Гевгелија, во очекување на депортација назад во Грција.

    Според полицијата, во првите шест месеци од 2023 спречени се вкупно 5.280 обиди за илегален премин, од кои огромно мнозинство на границата со Грција. Тоа е пад од 43 отсто во однос на истиот период минатата година и најмногу се должи на тоа што европската агенција за гранична и крајбрежна стража Фронтекс од април започна заедничка операција за гранична патрола со македонските власти.

    „Во моментот немаме индиции дека може да дојде до зголемување на мигрантски бран или обиди за влегувањето на територијата на нашата држава“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за МИА, и рече дека границата од април годинава се обезбедува заедно со Фронтекс и тоа придонесува за намалување на ризикот од активирање на балканската рута и можноста од радикални и терористички закани особено по судирите на Блискиот Исток.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира