ОД ЈАНУАРИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ВЛЕЗ ВО АЈА СОФИЈА ВО ИСТАНБУЛ

    ОД ЈАНУАРИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ВЛЕЗ ВО АЈА СОФИЈА ВО ИСТАНБУЛОдлуката ќе стапи на сила на 15 јануари. (Фото: Шатерсток)

    Странските туристи кои сакаат да ја посетат Аја Софија во Истанбул од јануари следната година ќе мора да платат влез, објави турскиот министер за култура Мемет Нури Ерсој. Повеќе од 3,5 милиони туристи годишно ја посетуваат византиската црква стара 1.500 години, која со одлука на претседателот Ердоган во 2020 беше претворена од музеј во џамија.

    „Ќе воведеме систем за управување со посетители во џамијата Аја Софија, што ќе ги зголеми квалитетот и безбедноста на посетите“, изјави Ерсој.

    Одлуката ќе стапи на сила на 15 јануари.

    Ерсој појасни дека ќе има посебен, бесплатен влез за Турците кои доаѓаат во џамијата за редовни молитви, а туристите ќе влегуваат преку друг влез, каде што ќе плаќаат такса. Тој не кажа колку ќе се плаќа за влез.

    Аја Софија, која е културно обележје и за христијаните и за муслиманите, беше претворена во музеј во 1934 година со декрет на Мустафа Кемал Ататурк и во меѓувреме стана најпосетуваната туристичка атракција во Турција. Во јули 2020, турски суд ѝ го поништи статусот на музеј, велејќи дека „нејзиното користење за што било друго освен како џамија е незаконско“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира