ЗАКОНОТ ЗА ПРАЗНЕЊЕ НА ЗАТВОРИТЕ НЕ ПОМИНА ВО СОБРАНИЕ

    ЗАКОНОТ ЗА ПРАЗНЕЊЕ НА ЗАТВОРИТЕ НЕ ПОМИНА ВО СОБРАНИЕПредлагачот на ова законско решение, министерот за правда Кренар Лога, пред пратениците кажа дека со амнестијата ќе се овозможи социјализација, а ќе има и социјален ефект. (Фото: Народен правобранител)

    Собранието денеска не усвои потреба за носење на Закон за амнестија, со кој што требаше да се испразнат затворите. „За“ предлогот на Владата, изработен од Министерството за правда, гласаа 17 пратеници, „против“ беа 66 пратеници и имаше 3 „воздржани“.

    Предлагачот на ова законско решение, министерот за правда Кренар Лога, пред пратениците кажа дека со амнестијата ќе се овозможи социјализација, а ќе има и социјален ефект.

    „Основна цел е алармантната состојба во затворите, а препораки и констатации се дадени од многу релевантни институции“, рече Лога, кој пред почетокот на седницата на пратениците им подели фотографии од состојбата во затворите.

    Сепак, мнозинството пратеници не ги прифати неговите аргументи и предложениот закон е отфрлен.

    Со предлогот, казните требаше да бидат намалени за 30 отсто на оние осуденици кои исполнуваат услови, па оттаму, ќе има голем број кои веднаш ќе си одеа дома по стапување на законот во сила. Некои што се осудени до 6 месеци за поситни кривични дела, немаше ни да влезат во затвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира