ОПШТИНА ЦЕНТАР ДАВА СУБВЕНЦИИ ЗА Е-ВЕЛОСИПЕДИ, ТРОТИНЕТИ И ЗА КАЦИГИ И СЕДИШТА ЗА ДЕЦА

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ДАВА СУБВЕНЦИИ ЗА Е-ВЕЛОСИПЕДИ, ТРОТИНЕТИ И ЗА КАЦИГИ И СЕДИШТА ЗА ДЕЦАСо јавниот повик ќе се субвенционираат 30 отсто од цената, но најмногу до 1.000 денари (Фото: К. Попов)

    Објавен е јавен повик за добивање субвенции за дополнителна опрема за велосипед како седиште за дете или кацига, како и за електрични велосипеди и тротинети за жителите на Општина Центар. Повикот ќе трае до исцрпување на средствата што се предвидени во буџетот на општината по принципот „прв дојден-прв услужен“.

    Со јавниот повик ќе се субвенционираат 30 отсто од цената, но најмногу до 1.000 денари.

    Секој полнолетен жител на Општина Центар кој купил дополнителна опрема за велосипед или електричен велосипед и тротинет од 1 август 2023 има право да аплицира на повикот. Потребните документи за аплицирање се објавени на веб-страницата на Општината. Барањата со комплетна документација треба да се достават во архивата на Општина Центар, секој работен ден од 9 до 15 часот. Правото на субвенција е еднократно.

    Преку проектот „Центар на точак“, лани субвенции искористија 134 жители кои купија нов велосипед и седум за нов тротинет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира