Пензионери од цела Македонија денеска се собраа на протест пред Американската амбасада во Скопје, и таму ги претставија нивните барања за линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари, како и минимална пензија од 20.000 денари.
Пензионерите на протестот со транспаренти велат дека штом има пари за зголемување на функционерските плати за 78%, тогаш има пари и да се исполнат нивните барања.
Од Американската амбасада, пензионерите се упатија да протестираат и пред Владата.
Во септември, со редовното усогласување, пензионерите добија зголемување од 5,3 отсто, а минималната пензија во моментов изнесува 13.200 денари.