ИЗРАЕЛ ВЕЛИ ДЕКА СЛЕДНАТА ФАЗА ОД КОПНЕНАТА ОПЕРАЦИЈА ВО ГАЗА Е УНИШТУВАЊЕТО НА ПОДЗЕМНИТЕ ТУНЕЛИ НА ХАМАС

    ИЗРАЕЛ ВЕЛИ ДЕКА СЛЕДНАТА ФАЗА ОД КОПНЕНАТА ОПЕРАЦИЈА ВО ГАЗА Е УНИШТУВАЊЕТО НА ПОДЗЕМНИТЕ ТУНЕЛИ НА ХАМАСГрадот Газа, кој е главно упориште на Хамас, е окружен од израелските трупи (Фото: АП)

    Израелските копнени сили преминуваат на следната фаза од својата офанзива во Газа, во која ќе се обидат да ја лоцираат и онеспособат огромната мрежа на подземни тунели на Хамас.

    Градот Газа, кој е главно упориште на Хамас, е окружен и израелските трупи кажаа дека напредувале во самото срце на густо населената област.

    Израел има една цел: уништувањето на терористите на Хамас во Газа, нивната инфраструктура, нивните заповедници, бункери и комуникациски соби“, изјави министерот за одбрана Јоав Галант.

    Портпаролот на војската Даниел Хагари кажа дека израелските борбени инженерски единици користат експлозив за да ја уништат подземната мрежа тунели, која се протега стотици километри под енклавата. Израелските тенкови се имаат соочено со силен отпор од борците на Хамас, кои излегуваат од тунелите и напаѓаат од заседи.

    Белата куќа објави дека се противи на повторна израелска окупација на Газа, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху најави дека по завршувањето на војната, Израел некое време ќе има безбедносна одговорност во појасот.

    Повторна окупација на Газа од страна на израелските сили не е правилна работа. Израел и САД се пријатели, но тоа не значи дека се согласуваат по секое прашање“, кажа Белата куќа.

    Министерот за одбрана Галант додаде дека Израел не е заинтересиран за управување со Газа.

    По завршувањето на војната, ни Израел, ни Хамас нема да управуваат со Газа“, рече тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира