ПРЕМИЕРОТ САНЧЕС ДОБИ ПОДДРШКА ОД КАТАЛОНСКИТЕ СЕПАРАТИСТИ ЗА НОВАТА ШПАНСКА ВЛАДА

    ПРЕМИЕРОТ САНЧЕС ДОБИ ПОДДРШКА ОД КАТАЛОНСКИТЕ СЕПАРАТИСТИ ЗА НОВАТА ШПАНСКА ВЛАДАСанчес и неговата Социјалистичка партија се обидуваат да формираат влада од изборите во јули (Фото: АФП)

    Извори од преговарачкиот процес потврдија дека шпанските социјалисти постигнале договор со сепаратистичката партија Заедно за Каталонија за поддршка за формирање нова влада, пакт кој беше силно критикуван зашто предвидува амнестии за сепаратистички активности.

    Запрашана за договорот, министерката за економија Надија Калвињо кратко одговори:

    „Се надеваме дека наскоро ќе имаме влада“.

    Актуелниот премиер Педро Санчес и неговата Социјалистичка партија се обидуваат да формираат влада од изборите во јули, кои не донесоа јасен победник. Тој претходно се договори со левичарската платформа Сумар, но му треба поддршка од уште неколку помали партии кои му помагаа и во минатото.

    Заедно за Каталонија кажа дека нејзините седуммина пратеници ќе го поддржат Санчес ако се донесе закон за амнестија, со кој ќе бидат помилувани 1.400 активисти и политичари вклучени во неуспешниот референдум за независност на Каталонија во 2017. Можната амнестија беше осудена од конзервативните противници на Санчес, кои организираа големи протести.

    „Ова е срамен и понижувачки договор за Шпанија“, кажаа од водечката опозициска Народна партија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира