ВУЛКАНСКА ЕРУПЦИЈА МОЖЕ ДА ГО УНИШТИ ИСЛАНДСКИОТ ГРАД ГРИНДАВИК

    ВУЛКАНСКА ЕРУПЦИЈА МОЖЕ ДА ГО УНИШТИ ИСЛАНДСКИОТ ГРАД ГРИНДАВИКЗемјотресите веќе предизвикаа штети на патиштата и објекти во Гриндавик. (Фото: РУВ)

    Исландско гратче со околу 4.000 жители близу главниот град Рејкјавик може да биде тешко оштетено од вулкан кој се очекува да еруптира наскоро, според експертите. Гратчето Гриндавик на југозападниот брег беше евакуиран во саботата наутро откако лавата што почна да се движи под земјината кора предизвика стотици земјотреси.

    „Навистина сме загрижени за сите куќи и инфраструктурата во областа“, рече Видир Рејнисон, шеф на Исландската служба за цивилна заштита.

    Гратчето се наоѓа близу геотермалната централа Свартсенги, која што е главен снабдувач со електрична енергија и вода за 30.000 жители на полуостровот Рејкјанес.

    Гриндавик исто така е близу геотермалното одморалиште „Сина Лагуна“, популарна туристичка дестинација, кое што исто така беше евакуирано.

    „Лавата сега е на многу плитка длабочина и очекуваме ерупција во наредните неколку часа, најдоцна во наредните два дена“, вели Рејнисон.

    Земјотресите веќе предизвикаа штети на патиштата и објекти во Гриндавик.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира