Пет американски војници загинаа во хеликоптерска несреќа во Средоземното море, соопшти Американската армија. Оттаму велат дека хеликоптерот се срушил за време на рутинска вежба.
САД ги зголемија операциите во регионот откако изби конфликтот меѓу Израел и Хамас.
Претседателот Џо Бајден изрази сочувство за жртвите кои „ги ставаат своите животи во опасност за нашата земја секој ден“.
Во соопштението, Американската армија не прецизираше каде летал хеликоптерот и каде точно се случила несреќата, но познато е дека два носачи на авиони пристигнаа во регионот изминатиот месец.