Сеизмичките активности во југозападен Исланд се ослабнаа, но вулканска ерупција и натаму се очекува во следните денови, велат експертите. Од полноќ, на полуостровот Рејкјанес биле регистрирани повеќе од 500 земјотреси, но послаби отколку во последните два дена.
Сепак, експертите предупредуваат дека 15 километри широка река од лава која тече под полуостровот и натаму е активна, заканувајќи му се на веќе евакуираниот град Гриндавик, од кој викендов заминале речиси 4.000 луѓе. Најголем дел од земјотресите се случиле под градот, каде што се појавија пукнатини на улиците и има промени во пејзажот.
Вулканолозите велат дека очекуваната ерупција би можела да биде помала од она што претходно се прогнозираше, но Гриндавик сепак би можел да биде загрозен поради течението на лавата.
Овој град се наоѓа само 15 километри од меѓународниот аеродром во Кефлавик, каде што летовите нормално се одвиваат. Засега нема најави дека би можела да се повтори ситуацијата од април 2010, кога беа откажани над 50.000 летови низ Европа поради вулканска ерупција на Исланд.