ОСАМЕНОСТА Е ГЛОБАЛНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАКАНА, ПООПАСНА ОД ПУШЕЊЕТО 15 ЦИГАРИ ДНЕВНО, ВЕЛИ СЗО

    ОСАМЕНОСТА Е ГЛОБАЛНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАКАНА, ПООПАСНА ОД ПУШЕЊЕТО 15 ЦИГАРИ ДНЕВНО, ВЕЛИ СЗОPaндемијата на ковид-19 ги запре економските и социјалните активности и го зголеми нивото на осаменост

    Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи осаменоста за глобална здравствена закана, при што беше кажано дека здравствените ризици се еднакви на пушење 15 цигари на ден. СЗО формираше и меѓународна комисија за овој проблем, во која членуваат и владини министри.

    Ова доаѓа откако пандемијата на ковид-19 ги запре економските и социјалните активности и го зголеми нивото на осаменост, но и свесноста за овој проблем. Комисијата ќе работи три години.

    „Осаменоста ги надминува границите и станува глобален здравствен проблем, погодувајќи секој аспект на здравјето, благосостојбата и развојот. Социјалната изолација не познава возраст и граници“, изјави младинскиот застапник на Африканската унија, Чидо Мпемба, кој ќе биде еден од водачите на комисијата.

    Тој додаде дека осаменоста носи поголеми ризици за здравјето од прекумерната тежина и физичката неактивност.

    Иако осаменоста често се смета за проблем на развиените држави, СЗО вели дека една четвртина од возрасните се соочуваат со социјална изолација во речиси сите делови од светот. Но, таа го погодува и животот на младите. Нови податоци покажуваат дека меѓу 5% и 15% адолесценти се осамени, но и овие бројки се сметаат за потценети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира