Даска за пеглање оставена на врвот на највисоката планина во Велика Британија, Бен Невис, предизвика гнев во јавноста, особено кај планинарите. Таа била фотографирана минатата недела покрај остатоците од опсерваторијата од 19. век, кои се наоѓаат на врвот.
„Не е невообичаено разни предмети да се носат до врвот на Бен Невис во рамките на хуманитарни акции, но правилото е ништо да не се остава позади“, велат од „Џон Мјуир траст“, еден од управителите на овој предел.
Во април годинава, поранешен војник однесе фрижидер на грбот до 1.345 метри високиот врв, а други чудни предмети кои завршиле горе се црковни оргули, веце шолја и градинарско џуџе од три метри.
Некои веруваат дека даската за пеглање оставена на Бен Невис има врска со предизвикот „екстремно пеглање“, во кој учесниците пеглаат на зафрлени локации.
„Ако оние што организираат вакви акции не си ги собираат предметите, Бен Невис наскоро би можел да заличи на маркет за стари предмети“, кажаа од „Цон Мјуир траст“.