ИЗРАЕЛСКИТЕ СИЛИ ПЛАНИРААТ УПАД ВО НАЈГОЛЕМИОТ ГРАД ВО ЈУЖНА ГАЗА И ГИ ПОВИКАА ЦИВИЛИТЕ ДА ОДАТ КОН ЗАПАД

    ИЗРАЕЛСКИТЕ СИЛИ ПЛАНИРААТ УПАД ВО НАЈГОЛЕМИОТ ГРАД ВО ЈУЖНА ГАЗА И ГИ ПОВИКАА ЦИВИЛИТЕ ДА ОДАТ КОН ЗАПАДПредупредувањата доаѓаат откако десетици илјади цивили избегаа од северниот дел на Газа и побараа засолниште на југот (Фото: АП)

    Израел испрати ново предупредување до Палестниците во градот Кан Јунис да се евакуираат и да бидат поблиску до хуманитарната помош, навестувајќи дека планира да го нападне Хамас и на југот на Газа, откако го покори северот.

    Бараме од луѓето да се преселат. Знаеме дека ова не е лесно за многумина, но не сакаме цивилите да се најдат во вкрстен оган“, изјави Марк Регев, советник на премиерот Нетанјаху.

    Вакви предупредувања доаѓаат откако десетици илјади цивили избегаа од северниот дел на Газа и побараа засолниште на југот, што дополнително може да ја влоши хуманитарната криза. Властите во Газа кажаа дека во досегашните напади загинале над 12.000 луѓе, од кои 5.000 деца. Обединетите нации сметаат дека овие бројки се веродостојни.

    Израелските авиони фрлаа летоци над Кан Јунис, најголемиот град на југот, кој пред почетокот на конфликтот имал околу 400.000 жители. Регев кажа дека израелските сили ќе мора да влезат во градот за да ги истераат борците на Хамас од подземните тунели и бункери, додавајќи дека ваква инфраструктура не постои во помалку населените области на западот.

    Бидејќи западните области се поблиску до граничниот премин Рафа, ќе има услови хуманитарната помош побрзо да стигне до цивилите“, додаде Регев.

    Додека војната влегува во седмата недела, Израел кажа дека за првпат ќе дозволи цистерни со гориво да влезат во Газа. Според Стејт департментот, планирано е во Газа да влегуваат 140.000 литри гориво на секои два дена, наменето првенствено за камионите кои доставуваат хуманитарна помош и за агенциите на ОН кои обезбедуваат вода и санитарии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира