Идентични близначки од Англија го прославија 100. роденден, при што една од нив кажа дека се чувствува двојно помладо.
Ен Браун и Флоренс Бојкот се сретнаа за првпат по неколку години на прослава организирана во домот за стари лица во Барнсли, во кој живее Бојкот. Двете го поминале целиот свој живот во овој град.
На прославата им дошле пријатели и пет генерации од нивните семејства.
„Татко ни не знаеше да нѐ разликува. Бевме многу блиски, секогаш заедно, никогаш една без друга“, изјави Бојкот.
Браун, која вели дека се чувствува како да има 50 години, има една ќерка, додека Бојкот имала три деца, од кои едно починало, како и седум внуци, шест правнуци и три праправнуци.