ПРИТВОРЕНИОТ НАЦИОНАЛИСТ ГИРКИН НАЈАВИ КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РУСИЈА

    ПРИТВОРЕНИОТ НАЦИОНАЛИСТ ГИРКИН НАЈАВИ КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РУСИЈАГиркин пред апсењето кажа дека планира политички да се активира (Фото: Икс)

    Рускиот националист Игор Гиркин, кој се наоѓа во притвор под обвинение за екстремизам, објави дека сака да се кандидира на претседателските избори во Русија, што ќе се одржат во март следната година. Гиркин, кој е познат и како Игор Стрелков, заврши во затвор по неговите предупредувања дека Русија се соочува со револуција и граѓанска војна ако руската војска не биде поефективна во војната во Украина.

    Поранешниот офицер на Федералната безбедносна служба, кој ѝ помогна на Русија да го анектира Крим во 2014 и организираше проруски милиции во источна Украина, објави пред апсењето дека планира политички да се активира.

    Во Русија тлее систематска криза, додека температурата во општеството расте. Ние сме на раб на многу тешки внатрешно-политички промени од катастрофален карактер“, изјави 52-годишниот Гиркин во мај.

    Олег Нелзин, еден од водачите на руското движење кое го поддржува Гиркин, го објави неговото писмо од затворот, во кое тој ги повика своите приврзаници да работат на неговата кандидатура на изборите. Бидејќи засега не е формално осуден, Гиркин теоретски има право да учествува на изборите.

    Гиркин е еден од најугледните руски националисти кои јавно го критикуваа начинот на кој Путин ја води војната во Украина, барајќи поцврст пристап.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира