ПОЧИНА БИВШАТА ПРВА ДАМА НА САД, РОЗАЛИН КАРТЕР

    ПОЧИНА БИВШАТА ПРВА ДАМА НА САД, РОЗАЛИН КАРТЕРЏими и Розалин Картер поминаа во брак 77 години (Фото: АП)

    Поранешната прва дама на САД Розалин Картер почина на 96 години, само два дена откако беше објавено дека е префрлена во дом за нега во Џорџија. На сопругата на Џими Картер во мај ѝ беше дијагностицирана деменција.

    Џими и Розалин Картер во јули прославија 77 години брак, со што беа најдолговечната претседателска брачна двојка во историјата.

    Розалин беше мојот рамноправен партнер во сѐ што сум постигнал. Таа ми даваше мудро водство и охрабрување секогаш кога ми требаше. Сѐ додека Розалин беше на овој свет, знаев дека имам некого кој ме сака и поддржува“, изјави 99-годишниот Џими Картер.

    Тој се венчаше со Елинор Розалин Смит на 7 јули 1946, еден месец пред таа да наполни 19 години. Кога Џими Картер ја почна политичката кариера во 1960-ите, поминувајќи го патот од сенатор преку гувернер до претседател на САД, Розалин се фокусираше на кревањето свест за ментално здравје и подоцна стана членка на комисијата за подобрување на услугите за ментално болните лица. Кога беше прва дама на САД стана почесна претседателка на претседателската Комисија за ментално здравје, која одигра клучна улога во усвојувањето на закон со кој беше помогнато финансирањето на локални центри за ментално здравје.

    По напуштањето на Белата куќа, заедно со сопругот го основаше центарот „Картер“, преку кој продолжи со својата хуманитарна работа. Тие примија бројни признанија за својата работа, а Џими Картер доби и Нобелова награда за мир во 2002.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира