КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА СКОПЈЕ СОБРАНО ВО ПОСТОЈАНА ПОСТАВКА, СЕ ОТВОРА В ПЕТОК ВО МУЗЕЈОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

    КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА СКОПЈЕ СОБРАНО ВО ПОСТОЈАНА ПОСТАВКА, СЕ ОТВОРА В ПЕТОК ВО МУЗЕЈОТ НА ГРАД СКОПЈЕКултурното наследство на градот е раскажано преку музејски предмети, фотографии, документи и макети, почнувајќи од периодот на неолитот, железното време, раната антика, римскиот период, средниот век, османлискиот период, 19. и 20. век, па сѐ до денес. (Фото: Музеј на Град Скопје)

    Изложбата „Музејот – Кустос на градот“ ќе се отвори на 24 ноември во 19,30 чaсот во Музејот на Град Скопје. Станува збор за изложба која е поставена со цел да прерасне во постојана поставка, која хронолошки го претставува историскиот и културниот развој на градот Скопје.

    Од Музејот велат дека богатото културно наследство на градот е раскажано преку музејски предмети, фотографии, документи и макети, почнувајќи од периодот на неолитот, железното време, раната антика, римскиот период, средниот век, османлискиот период, 19. век, 20. век па сѐ до денес.

    „Музејот на Град Скопје го чува, истражува и промовира културното наследство на градот. Археолошкото, историското, оделението за историја на уметност, архитектонското и етнолошкото одделение содржат голем број музејски предмети распределени според временскиот период, содржината и контекстот за кои зборуваат. Изложбата е комплексна музејска поставка, која преку музејските предмети поставени во соодветен меѓуоднос и контекст, има за цел на посетителот да му овозможат содржинска, визуелно атрактивна приказна“, велат од Музејот.

    Оттаму додаваат дека во реализацијата на изложбата учествувале сите кустоси и вработени во Музејот и дека е подготвена без пари.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира