ПО ДВЕ НЕДЕЛИ ПРЕКИН, ТРГНА ПАТНИЧКИОТ ВОЗ ОД И ЗА БИТОЛА

    ПО ДВЕ НЕДЕЛИ ПРЕКИН, ТРГНА ПАТНИЧКИОТ ВОЗ ОД И ЗА БИТОЛАОспособена е една дизел патничка гарнитура која секојдневно ќе го одржува сообраќајот на оваа релација. (Фото: СДК.МК)

    По две седмици прекин, од вчера попладне започна да сообраќа единствениот патнички воз од и за Битола. Возот од Скопје поаѓа во 14,30, а од Битола во 3,13 часот. Во овој период од 14 дена, четири поради штрајк, а 10 оти нема патничка гарнитура, возовите не сообраќаа.

    Во меѓувреме била оспособена една дизел патничка гарнитура од кинеско производство, која секојдневно ќе го одржува сообраќајот на оваа релација. Од Македонски железници (МЖ) велат дека работат на поправка на другите две дизел патнички гарнитури од кинеско производство, и до крајот на годината ќе бидат ставени во функција. Со тоа повторно би се вратиле сите три патнички возови кои од Скопје сообраќаат до Битола и назад.

    Сега во земјава, во функција се четири патнички воза, три на релација Скопје-Велес и обратно и еден до Битола и назад.

    Двата патнички воза до Гевгелија и назад возат комбинирано, оти железничкиот мост на реката Црна е оштетен и не е во функција. Поради тоа, патничкиот воз од Скопје вози до Градско, потоа патниците со автобус се префрлаат до Неготино, од каде продолжуваат за Гевгелија и обратно.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира