Влажниот и тежок снег кој вчера наврна во Битола искрши повеќе дрвја, од кои едно на улицата Мирка Гинова падна врз возила и ги оштети. Снежната бура турна дрвја и низ Градскиот парк, а предизвика и дефекти на електродистрибутивната мрежа, па проблеми со струјното напојување имаа околу 35 села во Битолско, Могила и Демир Хисар, како и населбата во градот Буковски Ливади.
Климатолозите сѐ почесто влажниот снег по долгите сушни периоди го сврстуваат како дел од климатските промени во светот. Ваквите врнежи поради тежината од влагата се случува да туркаат електрични столбови и да кинат жици за струјно напојување.
Ж. ЗДРАВКОВСКА