Заврши обновата на регионалниот пат Велес-Градско, со што е испочитуван пролонгираниот рок, кој беше до 30 ноември. Првичниот рок за изведба на градежните работи од девет месеци истече на 30 мај годинава, кога од Државни патишта соопштија дека поради непредвидени и дополнителни работи, рокот е продолжен за шест месеци. Должината на обновената траса е 22 километри.
За разлика од обновениот регионален пат Велес-езеро Младост, делницата Велес-Градско е обележана со хоризонтална сигнализација и е поставена заштитна ограда на дел од трасата. Тој се користи како алтернатива за автопатот Велес-Градско.
Вредноста на работите беше 5,6 милиони евра, обезбедени со заем од ЕБОР.
П. ПЕЧКОВ