ПУТИН НАРЕДИ РУСКАТА АРМИЈА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 170.000 ВОЈНИЦИ

    ПУТИН НАРЕДИ РУСКАТА АРМИЈА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 170.000 ВОЈНИЦИ„Специјалната воена операција“ во Украина и експанзијата на НАТО се причини за зголемувањето. - Владимир Путин (Фото: Кремљ)

    Рускиот претседател Владимир Путин нареди да се зголеми бројката на руски војници за речиси 170.000 на вкупно 1,32 милиони, додека руската инвазија на Украина продолжува во 22. Месец. Декретот на Путин беше објавен синоќа од Кремљ и стапува во сила веднаш.

    Ова е втора експанзија на руската армија од 2018 година. Претходното зголемување беше во август 2022 година, кога со наредба на Путин бројот на војници се зголеми за 137.000.

    Од руското Министерство за одбрана велат дека наредбата не значи дека ќе има значително зголемување на регрутацијата, туку дека зголемувањето ќе случува постепено преку доброволци.

    Од министерството додаваат дека „специјалната воена операција“ во Украина и експанзијата на НАТО се причини за зголемувањето.

    Минатата година, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кажа дека на земјата ѝ се потребни 1,5 милиони војници за да може да ја гарантира безбедноста на Русија, но не кажа кога би се достигнала таа бројка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира