АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС ГО ИЗБРКА ЏОРЏ САНТОС ВО ИСТОРИСКО ГЛАСАЊЕ

    АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС ГО ИЗБРКА ЏОРЏ САНТОС ВО ИСТОРИСКО ГЛАСАЊЕРепубликанецот Џорџ Сантос од Њујорк е само шестиот избркан конгресмен во историјата и прв од 2022 година. (Фото: Твитер/принтскрин)

    Американскиот Претставнички дом го избрка конгресменот Џорџ Сантос откако беше утврдено дека ги прекршил етичките норми, а се водат и неколку кривични постапки против него.

    „По ѓаволите со ова место“, кажа Сантос на заминување од Конгресот.

    Републиканецот од Њујорк е само шестиот избркан конгресмен во историјата и прв од 2022 година. Неговиот мандат беше одбележан од редица лаги за неговото минато и обвинувања за измами, сето тоа откриено откако беше избран.

    Петочното гласање беше трето за исфрлање на Сантос, откако претходните две гласања пропаднаа.

    35-годишникот од Квинс брзо си замина од Конгресот откако исходот стана јасен.

    „Бидејќи неофицијално веќе не сум член на Конгресот, веќе не морам да одговарам на ниедно прашање од вас“, кажа тој пред новинарите.

    За негово исфрлување гласаа 311 конгресмени, наспроти 114 кои беа против.

    Гласањата за исфрлување се ретки во Конгресот и потребна е поддршка од две третини од членовите на Претставничкиот дом.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира