40.000 МАЗНИЦИ ЌЕ ИСУКААТ И ИЗЕДАТ БИТОЛЧАНИ НА ВАСИЛИЦА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    40.000 МАЗНИЦИ ЌЕ ИСУКААТ И ИЗЕДАТ БИТОЛЧАНИ НА ВАСИЛИЦА

    40.000 мазници ќе се исукаат и изедат вечерва и утре во Битола, по повод верскиот празник Василица. Битолчани на овој ден го вртат мазникот и веруваат дека на тој што ќе му падне парето ќе го следи среќа цела година.

    Василица во Битола се слави исто како и Нова година. Прославите почнуваат три дена пред празникот и завршуваат два дена по него. Пред Василица во битолските кафани се собираат вработени од фирмите и вртат мазник со пара. Некои адетот го прават на работните места, но речиси никој не го испушта. Ноќта пред Василица, по кафеаните се собираат пријателите, а утре, на денот на празникот сите вртат по дома мазник. Оние кои поради различни причини не ќе стигнат, парето го бараат ден до два по Василица.

    Овој обичај ги сплотува сите битолчани, па во традиционалнито вртење мазник неретко на работните места, со пријателите, соседите вртат и Роми, Албанци, Турци.

    „Да не ве чуди бројката од 40.000 мазници. Сметајте дека во градот имаме 20.000 христијански семејства. За секое по еден мазник. Уште 10.000 за по фирми, институции, некаде и секоја служба или канцеларија по еден мазник, како што е во болницата, РЕК, па кога ќе се додадат друштвата, толкав е бројот“, велат битолските пекари.

    Мени картите за дочек на Василица во кафеаните се продадени од Нова година. Некој ако не резервирал, нема шанси на денот на празникот да најде место.

    По седенките до доцна во ноќта, битолчани ќе можат да здивнат зашто утре е неработен ден. Во годините кога Василица паѓаше сред недела, јавна тајна е дека отсуствата на работните места беа најголеми. Битолчани на шега велат дека ќе побараат Василица во градот да се прогласи за неработен ден.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира