Професорката Рабије Мурати и филмскиот режисер Антонио Митриќески се годинашни добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија, соопшти Министерството за култура.
Универзитетската професорка Мурати е награден во областа на воспитанието и образованието, а Митриќески во областа на културата и уметноста.
Претседател на Одборот за државната награда e писателот Томислав Османли.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември во 12 часот, во свечената сала на Собранието.