ВНУКОТ НА ОСНОВАЧОТ НА ДИЗАЈНЕРСКАТА КУЌА „ЕРМЕС“ САКА ДА ГО ПОСВОИ СВОЈОТ БИВШ ГРАДИНАР ЗА ДА МУ ОСТАВИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА

    ВНУКОТ НА ОСНОВАЧОТ НА ДИЗАЈНЕРСКАТА КУЌА „ЕРМЕС“ САКА ДА ГО ПОСВОИ СВОЈОТ БИВШ ГРАДИНАР ЗА ДА МУ ОСТАВИ МИЛИЈАРДИ ЕВРАБогатството на Никола Пуеш се проценува на 9,4-10,4 милијарди евра (Фото: Јуроњуз)

    Никола Пуеш, 80-годишниот главен акционер во француската компанија за луксузни производи „Ермес“, сака да посвои еден свој поранешен вработен за да може да го именува за наследник на неговото огромно богатство.

    Пуеш, кој наводно поседува 5-6% акции како внук на основачот на фирмата, сака да му го префрли своето богатство на неговиот поранешен градинар и помошник, опишан како 51-годишен маж од скромно мароканско семејство, објави весникот „Трибун де Женев“. Според списанието „Билан“, кој секоја година прави листа на 300 најбогати луѓе во Швајцарија, богатството на Пуеш се проценува на 9,4-10,4 милијарди евра.

    Нејасно е дали планот на Пуеш ќе се оствари, но тој веќе почнал да презема чекори за пренаменување на својот имот, ангажирајќи адвокати да му помогнат во процесот на посвојување. Иако не е невозможно, посвојувањето на возрасно лице во Швајцарија важи за сложен потфат.

    Дополнителна компликација е што Пуеш во 2011 година веќе потпишал еден договор за наследство со фондација со седиште во Женева.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира