Претседателот Стево Пендаровски кусо одговори „не“, на новинарско прашање дали размислува за да се кандидира за втор мандат.
Пендаровски денеска учествуваше форум за антикорупција во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот круг на 8 мај, заедно со парламентарните избори.
Пендаровски стапи на функцијата на 12 мај 2019 година. Претходно, изгуби на претседателските избори во 2014 година од Ѓорге Иванов.