КРАЈНОДЕСНИЧАРСКИ ПРАТЕНИК СО ПРОТИВПОЖАРЕН АПАРАТ ИЗГАСНА СВЕЌИ ЗА ЕВРЕЈСКИОТ ПРАЗНИК ХАНУКА ВО ПОЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

    КРАЈНОДЕСНИЧАРСКИ ПРАТЕНИК СО ПРОТИВПОЖАРЕН АПАРАТ ИЗГАСНА СВЕЌИ ЗА ЕВРЕЈСКИОТ ПРАЗНИК ХАНУКА ВО ПОЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТПо инцидентот, Гжегож Браун ја опиша Ханука како сатанистичка (Фото: Икс)

    Крајнодесничарски пратеник употреби противпожарен апарат за да изгасне свеќи запалени во полскиот парламент за еврејскиот празник Ханука, што се случи за време на настан со припадници на еврејската заедница.

    Снимките објавени на сајтот на приватната телевизија „ТВН24“ го покажуваат Гжегож Браун од Конфедерациската партија како зема противпожарен апарат и оди преку предворјето на парламентот каде што гореа свеќите. Откако го активираше апаратот и се создаде бел чад во просторијата, обезбедувањето ги изведе сите присутни надвор.

    Членови на еврејската заедница, меѓу кои имаше и деца, дојдоа во парламентот на покана на спикерот Шимон Холовнија за годишните прослави на големиот празник Ханука.

    По инцидентот, Браун ја опиша Ханука како сатанистичка и кажа дека воспоставувал нормалност. Запрашан дали се чувствува засрамено од својата постапка, Браун одговори:

    Тие што земаат учество во вакви чинови на сатанско обожавање треба да се засрамат“.

    Холовнија го избрка Браун од парламентот во пресрет на гласањето за доверба на новоназначениот премиер Доналд Туск. Додаде дека на Браун ќе му бидат одземени половина плата во следните три месеци и сите парламентарни трошоци за следните шест месеци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира