МЕТЈУ ПЕРИ СЕ УДАВИЛ ВО ЏАКУЗИ ПОРАДИ ВИСОКО НИВО НА КЕТАМИН, СО КОЈ СЕ ЛЕКУВАЛ ОД АНКСИОЗНОСТ

    МЕТЈУ ПЕРИ СЕ УДАВИЛ ВО ЏАКУЗИ ПОРАДИ ВИСОКО НИВО НА КЕТАМИН, СО КОЈ СЕ ЛЕКУВАЛ ОД АНКСИОЗНОСТПери (54) беше пронајден „онесвестен во џакузи“ на 28 октомври. (Фото: АП)

    Актерот Метју Пери починал од „акутни ефекти на кетамин и последователно давење“, стои во извештајот од обдукцијата за ѕвездата на ТВ-серијата „Пријатели“.

    Пери (54) беше пронајден „онесвестен во џакузи“ во неговиот дом во Малибу, изјави портпаролот на противпожарната служба на Лос Анџелес на 28 октомври.

    Извештајот беше објавен вчера и покажува дека крвта на Пери била позитивна на кетамин, кој е познат за лекување на депресија и анксиозност.

    „На високите нивоа на кетамин пронајдени во неговите посмртни примероци на крв, главните смртоносни ефекти би биле и од прекумерна стимулација на кардиоваскуларниот систем и од респираторна депресија“, се наведува во извештајот. Наведено е и дека било пријавено дека Пери прима терапија со инфузија на кетамин за депресија и анксиозност.

    Во извештајот е појаснето дека кетаминот има медицинска и хируршка употреба како анестетик и е познат и како рекреативен лек „главно поради неговата ‘дисоцијативна’ природа, што укажува на исклучување на умот и телото. Исто така, може да има краткотрајни халуцинаторни и психоделични ефекти“.

    Последен пат на третман со кетамин Пери бил недела и пол пред смртта.

    Во заклучокот од обдукцијата стои дека безживотното тело со лицето во вода го пронашол неговиот асистент, кој се вратил од џогирање.

    „Асистентот скокнал во џакузито, го преместил починатиот во седечка положба на скалите и повикал 911. Тој не пријавил никакви неодамнешни болести, пиење или злоупотреба на дрога“, се вели во извештајот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира