ИМАМЕ СРЕДСТВА САМО ЗА УШТЕ ЕДЕН ПАКЕТ ПОМОШ ЗА УКРАИНА, ВЕЛАТ САД

    ИМАМЕ СРЕДСТВА САМО ЗА УШТЕ ЕДЕН ПАКЕТ ПОМОШ ЗА УКРАИНА, ВЕЛАТ САДСАД досега ѝ имаат дадено воена помош на Украина во вредност од 46 милијарди долари (Фото: ЕПА)

    Белата куќа предупреди дека САД имаат достапни средства само за уште еден пакет помош за Украина, а за сѐ понатаму ќе биде потребно одобрение од Конгресот.

    Од почетокот на руската инвазија, САД ѝ имаат дадено воена помош на Украина во вредност од 46 милијарди долари, но тврдокорните републиканци во Конгресот го блокираа последниот пакет од над 60 милијарди долари, жалејќи се дека администрацијата на Бајден му дава предност на Киев пред домашните безбедносни проблеми.

    Имаме на располагање само уште еден пакет со помош пред да пресушат нашите овластувања за надополнување“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби, алудирајќи на систем со кој Пентагон ги заменува своите донирани оружја и опрема.

    Во исто време, Европската Унија закажа вонреден самит на 1 февруари, на кој ќе се разговара за нејзиниот повеќегодишен буџет, што вклучува и помош за Украина. Европските лидери неодамна се согласија да се отворат пристапни преговори со Украина, но Унгарија блокираше помош од 50 милијарди евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира